Кралицата Летиција избра удобност: Совршена деловна комбинација

141
Фото - Профимедиа

Шпанскиот кралски пар со мештаните од селцето Моал го прославија нивниот успех, а за кралицата да може без проблем и опуштено да се дружи со своите сонародници, таа избра чевли што ги обожава секоја жена.

Кралицата Летиција во таа пригода се одлучи за удобност и релаксирано можеше да се дружи со луѓето во селото.

Чевлите „оксфорд“ се познати по својот комфор и жените обожаваат да ги носат, бидејќи во нив може долго да се пешачи, без да заболат нозете.

Овој класичен модел на чевли, т.н. „оксфортки“, кралицата Летиција ги комбинираше со панталони со малку пошироки ногавици и висок струк и светлосина кошула. Летиција носеше и син капут со должина над колената, што подоцна го соблече.

Повторно во мода

Машката класика која се граничи со женска елеганција последниве неколку години ги воодушевува љубителите на модата, а чевлите познати како „оксфортки“ ќе бидат еден од главните стајлинзи и оваа сезона.

Англиските обувки веќе доживеаја преродување. Со нагласени релјефни материјали, во сјајни металик нијанси, тие повторно се едни од најбараните чевли.

Најновите модели ги карактеризираат храбри комбинации на бои, од сјајни металик тонови до нежни розови и сиви нијанси.

На овие популарно обувки се преплетуваат бројни материјали и дезени, а можат да бидат и потполно класични, лаковани и едноставни, во пастелни бои.

Идеално прилегаат со класични панталони во комбинација со кошули – совршена англиска класика со доза на гламур.

Стилски совет: Најпопуларните „оксфортки“ комбинирајте ги со сета твоја облека наместо со високи потпетици, во текот на целата година и секогаш изгледајте супер и тренди.