Кралица на Евроазија 2018

285

Вчеравечер во Анталија, Турција се одржа изборот за кралица на Евроазија 2018 година. Нашата претставничка Катерина Ничовска (17) од Скопје ја освои титулата најдобар национален костим.

Изборот се одржа во прекрасниот „Калиста лукшри ресорт“ во Белек, каде учесничките престојуваа десет дена подготвувајќи се за големото финале.

Новата кралица на Евроазија е претставничката на Молдавија, а круната ја предаде минатогодишната победничка, нашата Сандра Стефановска.

И Сандра и Катерина се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационалерн избор за убавина.