Ќофтиња со топено сирење во сос

Во голем сад со раце се мешаат мисиркиното месо, јајцата, лебните трошки, Вoрчестер сосот, лукот, босилекот, ориганото, солта и црниот пипер.

210
Профимедиа

Состојки:
450 грама мелено мисиркино месо
1 изматено јајце
¼ чаша лебни трошки
1 лажица Ворчестер сос
1 чешне лук
1 лажица сушен босилек
¾ лажица оригано
½ лажица сол
¼ лажица црн пипер
110 г моцарела сирење, исечкано на мали коцки
½ чаша рендано/ситно сечкано моцарела сирење
3 чаши маринара сос

Подготовка:
Во голем сад со раце се мешаат мисиркиното месо, јајцата, лебните трошки, Вoрчестер сосот, лукот, босилекот, ориганото, солта и црниот пипер.
Земете парче од моцарела сирењето и обвиткајте го целосно со смесата од месо, правејќи топчеста форма. Повторувајте го процесот, сè додека не се потроши смесата.
Во голема тава загрејте масло на средна топлина. Пржете ги ќофтињата по 2 минути од секоја страна, додека не добијат убава кафеава боја.
Ќофтињата се преливаат со маринара сосот и се динстаат на средна температура, покриени со капак уште 10 минути.
На крај, посипете го врз нив ренданото/сечканото моцарела сирење и сервирајте.