Кјара Ферањи – ѕвезда на Инстаграм која ја проучуваат на Харвард

Феноменот „Ферањи“ го привлече вниманието на академската заедница, па нејзиниот пример се користи и во научни истражувања на Харвард, особено во областа на маркетингот и дата-анализите.

206
Фото - Принтскрин/Инстаграм/Кјара Ферањи

Седумнаесет милиони следбеници на Инстаграм има во моментов италијанската инфлуенсерка Кјара Ферањи, а нивниот број секојдневно расте.

Кјара во текот на студирањето отворила блог, со намера да биде светска ѕвезда, а содржините ги пишувала од агол на „глупава русокоса“. За кратко време станала популарна во Италија, па почнала посериозно да го води својот моден блог.

Сето ова резултираше со нејзина огромна популарност, а за една објава на својот профил на Инстаграм Ферањи наплаќа илјадници евра. Неодамна почна и работилница за убавина, чии први членови се женските роднини, кои таа ги подучува на мода и стил. Интересно е тоа што канцеларијата ѝ се наоѓа веднаш спроти најпознатата новинска кула во Италија, Палазо дел Информациона и секогаш е во тек со сите актуелни случувања во државата и светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni (@chiaraferragni) on

И додека светот се воодушевува на нејзиниот Инстаграм, Ферањи води одличен бизнис и е претприемник, а има и своја онлајн-продавница преку која ги продава своите колекции облека и козметика.

Феноменот „Ферањи“ го привлече вниманието на академската заедница, па нејзиниот пример се користи и во научни истражувања на Харвард, особено во областа на маркетингот и дата-анализите.

Кјара може да се пофали и со тоа што е ангажирана како заштитно лице на „Ланком“, на брендот „Интимисими“, но и со кукла Барби инспирирана токму од неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni (@chiaraferragni) on