Кинескиот ѕид е најтежок објект на Земјата

Кинескиот ѕид е најтежок објект на Земјата

- Кинескиот ѕид во Кина е најтешкиот објект изграден од човекот и веројатно секогаш така и ќе остане - забележаа од „24/7 Волстрит“.

95
SHARE
Од „24/7 Волстрит“ спроведоа истражување во врска со нејтешките објекти на планетава, а резултатите покажаа дека најтежок од сите е Кинескиот ѕид.
Кинескиот ѕид тежи 52 милионa тони.
– Кинескиот ѕид во Кина е најтешкиот објект изграден од човекот и веројатно секогаш така и ќе остане – забележаа од „24/7 Волстрит“.
Листата на десетте најтешки објекти на светот е составена врз основа на анализа на податоците во Гинисовата книга на рекорди, од Националниот институт за стандарди и технологија и други бројни научни и инженерски извори.
Секако, тежината на скоро сите најтешки објекти на Земјата е утврдена со проценка, а најтешкиот објект во историјата што е директно физички измерен била округлата ротирачка структура на една од лансираните рампи на Вселенскиот центар „Кенеди“, којашто тежи 2,2 илјади тони.
По Кинескиот ѕид, на листата на десетте најтешки предмети во светот следат:
– Хидроелектраната „Брана три кањони“ во Кина со тежина од 9,4 милиони тони, Кеопсовата пирамида во Египет со тежина од 5,4 милиони тони, потоа нафтената платформа „Гулфакс Ц“ во Северното Море со 1,4 милиони тони, па кранот SSCV Thialf со тежина од 952 илјади тони, Парламентарната палата во Букурешт, Романија со 726 илјади тони, на седмо место е носачот на авиони Нимиц со 92,5 илјади тони, следува теретниот воз во Западна Австралија со 90,5 илјади тони, на деветото место се најде подводниот комуникациски кабел (под океанот) кој тежи 80 илјади тони и на десетто место е Обелискот во вашингтон со тежина од 73,6 илјади тони.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY