Ќерката на Трамп во врска со милијардер од Нигерија: А, што вели Трамп на ова? ФОТО

Тифани и Мајкл се запознале во Грција, каде таа била во посета на својата пријателка, актерката и пејачка Линдзи Лохан.

2189
Профимедиа

Тифани Трамп (25) има ново момче, а неговото потекло предизвика лавина од рекации на социјалните мрежи!

Американските медиуми се насладуваат со фактот дека новиот партнер на Тифани е од една земја која нејзиниот татко Доналд Трамп фамозно ја нарекол „недојдија“.

Инаку новото момче на Тифани, Мајкл Булос детсвото го минал во Лагос, каде неговото семејство имало компанија која се занимава со трговија на возила и опрема, како и со градежништво.
Мајкл завршил интернационално училиште во Нигерија, а сега живее во Лондон.

Тифани и Мајкл се запознале во Грција, каде таа била во посета на својата пријателка, актерката и пејачка Линдзи Лохан.

Фотографијата на која се Тифани и нејзиното момче Мајкл е снимена во Белата куќа.

Инаку, Доналд Трамп ја доби Тифани со втората сопруга Марла Мејплс, со која ја изневери првата сопруга Ивана.

Фото: Инстаграм/Принтскрин