Ќерката на Трамп лудо се забавува во кафеана во Белград (ВИДЕО)

Со звуците на српска фолк музика и со армоника ,,на уво” , Тифани Трамп го почна престојот во Србија , каде вели дека ќе остане 11 дена.

450

Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани лудо се забавува во белградските кафеани.

Со звуците на српска фолк музика и со армоника ,,на уво” , Тифани Трамп го почна престојот во Србија , каде вели дека ќе остане 11 дена.

Таа пристигна во Белград со нејзиното момче, Мајкл Боулс и со заеднички пријатели , а секако и под силно обезбедување. Денеска Тифани се прошета низ Белград, а потоа замина во хотел, пред кој се паркирани службени возила на американската амбасада со две полициски возила.