Ќе го слушате по цели денови: Ова е новиот хит на Влатко...

Ќе го слушате по цели денови: Ова е новиот хит на Влатко Лозаноски ВИДЕО

525
SHARE

Публиката со нетрпение го очекуваше најновиот хит на познатиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано и конечно го дочека. Лозано во етер ја пушти неговата нова песна која носи наслов „Камо тебе да те имав“.

Вчера премиерно синглот беше испратен до сите радиостаници во земјава, а истиот има и лирик-видео направено од „Mister Cat Entertaiment“.

– Сигурен сум дека и оваа песна ќе си го најде патот до публиката. Таа беше готова веќе подолго време, но со тимот одлучивме дека сега е вистинско време за неа. Имаме уште неколку готови песни кои наскоро ќе бидат промовирани – накусо ни изјави познатиот пејач.

Инаку и позади оваа песна како автори се потпишуваат хит-мејкерите Лазар и Магдалена Цветковски.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY