Кардашијан ја распродава облеката на И-беј

112
Профимедиа

Ким Кардашијан на аукција ја распродава својата гардероба преку И-беј, а парите од продажбата треба да бидат наменети за Детската болница во Лос Анџелес.

Понудата на старлетата вклучува 200 парчиња облека, модни додатоци и чевли од познати дизајнерски имиња.

Распродажбата и наддавањето се одвиваат на страницата на Ким Кардашијан на И-беј.

На аукција се ставени мини-фустанче, влечки со кразно, маичка, сребрено рефлектирачко здолниште (за кое на пример во моментов цената е 26 долари) и слична гардероба.

Аукцијата ќе трае до 25 февруари.