Канелони болоњезе

Во сад за печење на дното ставете малку бешамел сос и сосот од месо. Пота наредете ги канелоните наполнети со сосот.

231
Профимедиа

Состојки:
1 кромид
250 г мелено месо
1 морков
1 јајце
100 г пармезан
1дл бело вино
200 мл сос од домати
100 г моцарела
масло, сол, црн пипер
100 г сланина
12 парчиња канелони
бешамел сос

Подготовка:
Во сад на малку загреано масло ставете го ситно сечканиот кромид. Кога кромидот ќе пушти мирис додајте го ренданиот морков. Пржете на тивок оган неколку минути со постојано мешање, па додајте го меленото месо и сосот од домати. Додајте и сол и црн пипер и бело вино. Гответе додека не испари виното. На крај, додајте малку пармезан, ситно сечкана моцарела и сланината која е претходно пропржена на малку масло.
Во сад за печење на дното ставете малку бешамел сос и сосот од месо. Пота наредете ги канелоните наполнети со сосот. Одозгора полијте со бешамел и со остатокот од сосот со месо. На крај, завршете со слој рендан пармезан и ситно сечкана моцарела.
Ставете ги канелоните да се печат на 180 степени околу 30-40 минути. Сервирајте со салата.