Кан: Црвениот тепих „гореше“ од сексапил на Амфар гала

Меѓу присутните на манифестацијата беше и манекенката Лаиш Рибеиро, којашто на црвениот тепих беше една од нејсексапилните дами, дотерана во бела тоалета со длабоко деколте,

185
Фото - Профимедиа

Ѕвезди од светот на филмот, музиката и модата присуствуваа на годинашната хуманитарна гала вечер Амфар (Американската фондација за истражување на сидата) во склоп на Канскиот филмски фестивал. Дамите блескаа со длабоки деколтеа и шлицеви, а на свеченоста беа собрани милиони долари за борба против сидата.

Меѓу присутните на манифестацијата беше и манекенката Лаиш Рибеиро, којашто на црвениот тепих беше една од нејсексапилните дами, дотерана во бела тоалета со длабоко деколте, шлиц и провидни делови на струкот.

Присуствуваше и прекрасната Адријана Лима, која за пригодата избра светкав сребрено-златен фустан со гол грб.

Парис Хилтон на забавата се појави во супер секси издание, во долг, целосно проѕирен фустан, кој на интимните делови имаше цветови. Нејзиниот свршеник беше апсолутен џентлмен, местејќи и го делот од фустанот што се влечеше да изгледа добро за пред објективите.

Во „жешка“ црвена тоалета се појави актерката Мишел Родригез, која исто така го истакна своето деколте.

Супермоделот Алесандра Амброзио овојпат се одлучи за тоалета со висок шлиц, во впечатлива розова боја, додека Никол Шерцингер носеше црвен фустан под кој и се оцртуваше долната облека.

Собраа милиони и без Вајнстин

Светскиот џетсет кој присуствуваше на 25. издание на Амфар гала изданието во Кан, се обидоа да се фокусираат на добротворната цел на вечерта, не нагласувајќи го фактот дека еден од главните „ѕвезди“ на оваа свеченост и претходните години беше продуцентот Харви Вајнстин, кој е обвинет за сексуално вознемирување и напади. Филмскиот магнат редовно присуствуваше на гала вечерта, често носејќи гости од висок профил и поттикнувајќи ги наддавањето на аукцијата.

– Организацијата е поголема од кој било скандал, па мислам дека никој не се грижи за тоа вечерва. Тука сме за да влијаеме врз светот. Само сакаме да се ослободиме од болеста со која долго се бориме – изјави пејачот Џејсон Деруло.

Лани на аукцијата беа собрани повеќе од 17,8 милиони евра за борба против сидата на глобално ниво. Годинава на аукцијата се наддаваше за уметнички дела, луксузни автомобили, модни колекции и друго. Предмет во сопственост на Пирс Броснан на пример е продаден за 1,2 милиони евра.

Од 1985 година, Амфар има инвестирано повеќе од 438 милиони евра за поддршка на истражувања за сида. На фестивалот во Кан до денес се собрани повеќе од 178 милиони евра за таа намена.