Каква машка брада најмногу сакаат жените?

184
Фото - Профимедиа

Брадата, многу мажи ја доживуваат како нешто што го штити лицето и што ги грее во текот на зимските и ладни денови. Меѓутоа, често доаѓа до расправа за тоа дали брадата прави мажите да изгледаат попривлечно или всушност таа го влошува изгледот.

Токму заради тоа е спроведена и научна студија во Америка, во која учествувале околу 9.000 жени и којашто имала за цел да открие дали жените сметаат дека мажите се поатрактивни со брада, а доколку е така, тогаш која брада е најпривлечна.

Според резултатите, речиси сите жени рекле дека мажите изгледаат 15 до 20 отсто попривлечно кога имаат брада, но жените се согласиле дека само еден вид на брада прави мажите да изгледаат поубаво и попривлечно.

Иако одговориле дека долгите и стилизирани бради се убави и дека може да им стојат убаво на одредени мажи, сите жени се согласиле дека најубава е „машката брада од пет дена“.

Испитаничките изјавиле дека оваа брада не ги крие цртите на лицето на мажите и дека лицето и понатаму е видливо, а сепак претставува знак за машкост.
Научниците тоа го објасниле од друг агол и посочиле дека се има врска со нашата инстинктивна психологија.

Како што мажите сакаат да гледаат жени со убави облини, така и жените сакаат да гледаат мажи со брада, бидејќи тоа за многумина е знак за плодност, здравје и сила.

Брадата од пет дена го спојува најдоброто од двата света, така што мажите со ваква брада ќе покажат дека се мажествени и плодни, но истовремено ќе останат уредни и нема да го кријат своето лице.