Како самите несвесно го уништувате позитивното дејство на кафето?

Ако испиете кафе веднаш по будењето, тоа нема многу да влијае бидејќи хормоните и метаболизмот уште „спијат“. Подобро е да го испиете некој час подоцна, за да може да го извлечете максимумот од него.

393

Постојат многу истражувања кои потврдија дека кафето може да има позитивни дејства врз вашето здравје, но луѓето самите успеваат да ги поништат.

Прочитајте како тоа се случува:

Купувате мелено кафе

Секако, ова е поевтино и попрактично, но доколку имате машина што самата го меле кафето, подобро е да ја користите, наместо да го купувате веќе измелено.

Го чувате кафето во оригиналното пакување

Без разлика дали мелено или цели зрна, најдобро е да го префрлите кафето во сад кој се затвора херметички или во тегла, за воздухот да не влијае врз неговиот квалитет.

Го пиете рано наутро

Ако испиете кафе веднаш по будењето, тоа нема многу да влијае бидејќи хормоните и метаболизмот уште „спијат“. Подобро е да го испиете некој час подоцна, за да може да го извлечете максимумот од него.

Го пиете во големи количини

Со пиење на повеќе од две до три шолји дневно не само што нема да си направите ништо добро, туку може и да претерате со кофеинот, кој во големи дози може да биде штетен.

Користите премногу додатоци за кафе

Шеќер, млеко, пена, шлаг… Која е потребата од тоа. Ако сакате десерт набавете си го од слаткарница.

Предолго го пиете кафето

Киселоста на веќе подготвеното кафе се менува, па ако не го испиете во првите 30-40 минути, веќе по еден час му е сменета хемиската структура. Тоа нема да ви наштети, но може да го наруши варењето.