Како на здрав начин да го победите нападот на глад?

Наместо некое печиво од најблиската пекарница, многу подобро е да купите некое овошје, готова салата или овошно пире.

171

Кога гладот ќе нападне, прво на памет ни паѓа една порција вкусна, брза храна или некое чоколадо кое за брзо време ќе не засити и ќе ни ја врати енергијата.

Нутриционистите не се согласуваат со оваа практика и се многу против тоа да се изгладнувате, за потоа да надополните со бургер или сендвич полн со месни преработки и сосови.

Ваквиот оброк е полн со калории, дури и ако лебот е интегрален, а мајонезот и преливите нискокалорични. Наместо некое печиво од најблиската пекарница, многу подобро е да купите некое овошје, готова салата или овошно пире. Најважно е да ги разбирате ознаките на декларациите – што пократка и поразбирлива декларација, толку побезбеден продукт.

Затоа, кога ќе почувствувате напад на глад, пред да купите огромен калоричен сендвич, размислете дали сте навистина толку гладни. Најчесто, ќе се заситите со смути, па дури и со една тегличка бебешка каша, пред да одлучите да изедете нешто што е лошо за вас. Да, добро прочитавте. Кога имате напад на глад, многу подобро е да изедете овошно пире, дури и ако се работи за бебешка храна, па откако малку ќе се заситите, да имате нормален оброк.

Друг совет кој треба да го практикувате е да имате пакетче со јатки во чантата, токму за вакви ситуации. Во маркетите можете да најдете најразлични мешавини од јатки и суви овошја кои сигурно се поздрави и помалку калорични отколку брзата храна.