Како да користите помалку сол во исхраната?

Просечен човек внесува околу 11,6 грама сол дневно, иако препорачаната количина е максимум 5 грама. Нормално, солта не смеете целосно да ја исфрлите од исхраната, но потребно е да воспоставите поздрави навики кога е во прашање зачинувањето на вашите оброци.

Прекумерните количини сол може да го покачат крвниот притисок и да предизвикаат низа други здравствени нарушувања. Многу е важно да знаеме дека солта освен како зачин, ја внесуваме и преку ужинките и грицките, многу често несвесно. Особено треба да бидеме внимателни со чипсовите, сувомеснатите производи, колбасите и пекарските печива.

Затоа, следниот пат, обидете се да ја преполовите количината сол што ја додавате во чорбите и салатите, а наместо тоа, додадете оригано, кари, чили, бибер, сок од лимон, копар, куркума или кој било друг зачин што одговара со јадењето. Подеднакво ќе биде вкусно, а ќе биде далеку поздраво отколку кога е подготвено само со сол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот