Јоко го хипнотизирала и му давала хероин на Ленон

348

Упорно му пишувала писма, се појавувала на сите места на кои се појавувал и Џон, била многу упорна и било тешко да „ја отарасиш“, тврди Реј Коноли, авторот на новата книга посветена на Џон Ленон. Јоко Оно(85) ја обележа кариерата на „Битлси“, а многумина веруваат дека токму таа е виновна за распадот на бендот. Но, сепак, доаѓањето до таа позиција не било ниту малку лесно.

Почетоците

Не е тајна дека животот на Јоко Оно и познатиот пејач Џон Ленон бил турбулентен, проследен со скандали и разноразни шпекулации и контроверзии.

Според новата книга за Ленон, Јоко била многу мистериозна девојка и била различна од останатите кои Џон ги имал запознаено во минатото и се верува дека токму тоа е причината поради која Ленон бил „маѓепсан“ од Оно.

Јоно и Ленон се запознале во времето кога „Битлси“ биле на врвот на нивните кариери и меѓу најславните бендови во светот.

Всушност, непозната авангардна уметничка не може да направи подобар потег за својата кариера од тој да се појави во друштво на „Битлси“, а особено во она на Џон Ленон“, вели авторот на книгата „Џон Ленон: Неуморлив живот“.

Неуморноста на Јоко Оно

Јоко буквално го следела Ленон, таа одела каде оди тој и му пишувала писма. Оно била непозната, млада, авангардна уметница на која и требало спонзор за нејзините изложби. Таа очајно сакала да стане позната.

Планот за нејзината прва изложба бил да убеди некој како Ленон да го спонзорира целиот настан. Таа го сретнала во уметничка галерија, според нејзе сосем случајно, иако со месеци го прогонувала“- вели авторот.

Во светот на Битлси

Предходно, во светот на Битлси, Јоко, пробувала да се пробие и преку другите членови, но Џон бил едниствениот, кој со тек на време „загризал“. Во тоа време, бендот веќе бил во фаза на несигурност, пороци и меѓусебна љубомора. Кавгите станале секојдневие, па не требало многу за да дојде и до официјалниот распад.

Пол, Џорџ и Ринго не можеле да ја поднесат, а тетката на Џон ја нарекувала „отровно џуџе“. Сепак, за јапонската уметница, Ленон кратко потоа ја оставил својата прва жена и дете, се навлекол на хероин, а Јоко му „наместила“, млада љубовница која тогаш имала дваесет и две години, Меј Панг(68), сето тоа како би го спасила бракот.