Историски настап на Бијонсе на Коачела

104
Фото - Принтскрин/Инстаграм/beyonce

Пејачката Бијонсе викендов беше хедлајнер на фестивалот Коачела и ја воодушеви публиката со еден од најдобрите настапи во историјата на овој музички настан.

Врв на вечерта било кога на сцената застанала со колешките од „Дестинис Чајлд“ и ги отпеале нивните најпознати хитови.

Бијонсе е првата Афроамериканка што била главен изведувач на Коачела, култниот музичлки фестивал во Калифорнија. Возбудените обожаватели заради неа годинава фестивалот го нарекуваа „Биачела“, а таа ги исполни очекувањата и приреди шоу за паметење.

Пејачката и оддаде почит на Нина Симон, со сопругот Џеј Зи ја отпеаја „Дежа ву“ и заигра со сестра си Соланж.