„Игра на тронови“ го објави датумот на премиерата на новата сезона со нов трејлер ВИДЕО

Доколку уште не сте го изгледале, не го пропуштајте новиот тизер кој ќе ви предизвика прашања и нетрпение до пролет. 

310
Профимедиа

Конечно е откриен датумот за премиерата на последната сезона од „Игра на тронови“, која по новиот мистериозен тизер со нетрпение ја очекуваме на 14 април 2019 година. Доколку уште не сте го изгледале, не го пропуштајте новиот тизер кој ќе ви предизвика прашања и нетрпение до пролет.

ХБО објави дека првата епизода од осмата и последна сезона ќе се емитува на 14 април, проследено со трејлер од една минута и 44 секунди, во којшто Арја Старк (Мејзи Вилијамс), Санса Старк (Софи Тарнер) и Џон Сноу (Кит Харингтон) можат да се видат во подземните одаи на Винтерфел.