Храна која создава зависност и лесно накачувате вишок килограми поради неа

Ова често се однесува на чоколадата која ја криете од себе, двете парчиња пица што останаа од вечерата или можеби шпагетите со сос во фрижидерот кои сакавте да ги зачувате за утрешниот појадок.

298

Постојат одредени видови храна од кои тешко можете да се откажете, туку напротив, сакате да ги имате во своето мени сè повеќе и повеќе.

Иако мислите дека се работи за недостаток на мотивација и решителност да се ослободите од оваа храна, всушност добро познато е дека одредени намирници може да предизвикаат „навлекување“.

Ова често се однесува на чоколадата која ја криете од себе, двете парчиња пица што останаа од вечерата или можеби шпагетите со сос во фрижидерот кои сакавте да ги зачувате за утрешниот појадок.

Дали забележавте дека спомнавме храна која во исто време е вкусна и ве прави среќни, но за која сте свесни дека во големи количини е штетна? Во оваа група спаѓаат сите индустриски грицки, газираните сокови, бургерите и тостовите, пица, чипс, чоколадо, крекери, колачи, чоколади, па дури и сирењето и кашкавалот.

Тие имаат „магична“ содржина на масти, шеќери и адитиви и колку и да јадете од оваа храна, секогаш мислите дека имате простор за повеќе. Воведете самодисциплина и животот ќе ви стане многу полесен.