Хју Грант стана татко по петти пат на 57 години ФОТО

Хју Грант стана татко по петти пат на 57 години ФОТО

337
SHARE
Профимедиа

Британскиот актер Хју Грант (57) по петти пат стана татко. Грант и неговата девојка, шведската продуцентка Ана Ебетстајн го добија третото дете. Иако многумина се љупобитливи да го дознаат полот и името на бебето, славните родители не сакале да откриваат поединости за медиумите.

На медуимите среќната вест им ја соопшти Елизабет Харли, бившата девојка на Грант со која беше 13 години и денес негова блиска пријателка. Таа радосната вест дека Грант станал татко по петти пат ја откри дека ја промовирала серијата „Кралства“.

„Многу сум среќна што и по толку многу години тој и понатаму е мојот најдобар пријател на светот. Знаете, тој сега е татко на пет деца, има пет деца и е прекрасен татко.“

Уште од моментот кога новинарите на доделувањето на наградите Златен глобус забележале дека стомакот на Ана е поголем и се посомневале дека е бремена, Грант вешто ја избегнувал таа тема и интимно ја чувал за себе.

Единствени информации дала мајката на Ана, инаку влијателка шведска политичарка која за локалниот весник „Алфонбладет“ потврдила дека бебето е на пат.

– Многу сум среќна што наскоро ќе станам баба на уште едно дете – кратко прокоментирала во јануари.

Актерот и продуцентката со прекини седум години се заедно, но нивната љубов на крајот опстана.

Освен трите деца кои ги има со Ана, Хју Грант ги има синот Феликс и ќерката Табита од врската со Тинлан Хонг. Првото дете го доби во 2011 година.

Подготви: К. А

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY