Хелен Мирен падна насред Кан ФОТО

Холивудската дива, релаксирано шетала низ градот, дотерана во впечатлив виолетов мантил, кога во еден момент се испружила на улица.

192
Фото - Профимедиа
Седумдесет и двегодишната актерка Хелен Мирен пристигна во Кан за да присуствува на бројните премиери и забави во склоп на годинашниот, 71. меѓународен филмски фестивал. И повторно имаше мала незгода.
Имено, холивудската дива, релаксирано шетала низ градот, дотерана во впечатлив виолетов мантил, кога во еден момент се испружила на улица.
– Хелен падна право на лице и сите притрчаа да и помогнат – изјавил еден од очевидците и додал дека актерката „изгледала малку потресено“.
Фото – Профимедиа
Ова не е првпат Хелен Мирен да доживее непријатност на Канскиот фестивал. Истото и се случи и пред две години, на премиерата на филмот „Непознатата девојка“, кога падна на црвениот тепих.