Елегантната Анџелина Џоли со шесте деца во Лувр ФОТО

Профимедиа

Актерката Анџелина Џоли со своите шест деца го посети музејот Лувр, во Париз.

Таа и децата беа фотографирани од папараците додека излегуваа од хотелот „Le Meurice“ и влегуваа во музејот.

16-годишниот Медокс, 14-годишниот Пакс, 13-годишната Захара, 11-годишната Шајло и 9-годишните близнаци Вивиен и Нокс ја опкружуваа Џоли која изгледаше гламурозно во црна наметка од Ели Сааб и впечатлив црвен кармин.

Славната мајка, како и секогаш, изгледала многу елегантно во својата омилена боја од глава до пета, додека необичниот капут со наметка го направил црниот аутфит мошне интересен.

Подготви: K. A.

Фото: Профимедиа

Cela ekipa na okupu