Домашни погачи со кисело млеко

Измешајте го брашното со прашокот за печиво, додадете го маргаринот и месете го тестото додека не добиете хомогена смеса.

444
Профимедиа

Состојки:
250 грама брашно (тип 400)
60 грама маргарин
1 шолја кисело млеко
1 ќесичка прашок за печиво
1 јајце
сусам и ким по желба

Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за печиво, додадете го маргаринот и месете го тестото додека не добиете хомогена смеса.
Додадете го киселото млеко и повторно месете го тестото.
Оставете го на топло да мирува половина час, а потоа растегнете го тестото да биде дебело околу 2 см и со чаша направете погачи.
Во тава ставете мрсна хартија за печење и наредете ги погачите. Премачкајте ги со жолчката од јајцето, напрскајте ги со сусам и ким по желба и ставете ги во загреана рерна на 180 степени.
Печете ги 20-тина минути сè додека не заруменат.