Домашна крема што ги брише брчките

Домашна крема што ги брише брчките

278
SHARE
Фото - Профимедиа

За отстранување на брчките и затегнување на лицето може да се направи домашна крема, чија тајна се крие во хранливите состојки кои подмладуваат.

Маслото од бадеми ја омекнува кожата, а уште во минатото било користено за третирање на псоријаза и лузни.

Ова моќно масло длабински продира во кожата, подобрувајќи ја нејзината структура, матирјаќи го тенот.

Состојки: четвртина чаша масло од бадеми, 2 лажици кокосово масло, 2 лажици восок од пчели, половина лажичка масло со витамин Е, 1 лажица ши путер и есенцијално масло по избор.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во стаклена тегла. Во тенџере ставете 2 децилитри вода и оставете да зоврие. Теглата ставете ја во тенџерето и повремено мешајте ги состојките.

Кога сите состојки добро ќе се соединат, содржината истурете ја во помали стаклени теглички и оставете ги на собна температура додека кремата да стане тврда, а потоа затворете ги со капачиња и ставете ги на ладно место.

Кремата е потребно да се нанесува на лицето секое утро, како и навечер пред да се исчисти лицето.

Оваа природна крема ги ублажува линиите брчки, ја храни и освежува кожата, која со вакав нега повторно добива здрав сјај.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY