Дневен хороскоп за 9 јануари 2019 година

Овен. Ќе мора да попуштите во една ситуација, ако сакате да го остварите она што сте го замислиле.

842
Профимедиа

Овен
Ќе мора да попуштите во една ситуација, ако сакате да го остварите она што сте го замислиле. Би можеле да се почувствувате понижено или дури посрамено, затоа добро размислете дали тоа навистина ви е потребно. Не обрнувајте внимание на некои информации кои денес ќе ги добиете, а се однесуваат на некој од вашето опкружување. Дистанцирајте се од озборувањата.

Бик
Не дозволувајте минорни работи да ви го одвлече вниманието од она што навистина е битно. Ќе имате доволно сила да се соочите со сите предизвици. Еден пријател многу би сакал да ве види и да поразговара за некоја малку интимна тема. Бидете внимателен слушател и советувајте го од срце – би сакал да слушне како вие би постапиле во истата ситуација.

Близнаци
Имете впечаток дека ви е потребно повеќе енергија, труд, упорност отколку на другите, за да напредувате во кариерата. Заборавете на чувството на помала вредност и сталожено прифатете ги сопствените ограничувања. Постои опасност да се чувствувате истрошено, веќе на половина пат. Овој ден е поволен за дружење со семејството и пријателите.

Рак
Денес ќе мора да се посветите на некои деловни обврски или на проблемот кој до сега сте го одложувале. Најверојатно овој ден ќе ви биде напорен. Саканата личност ве притиска со својата посесивност, љубомора или обиди за доминација. Нема да толерирате такво однесување.

Лав
Нема да дозволите емоциите да ве надвладеат и ќе ги сфатите туѓите игри. Внимавајте како луѓето ќе ги интерпретираат вашите дела – бидете јасни. Признавањето на грешките може да ве спаси од неволји на професионално поле. Интуицијата ќе ви биде од корист на љубовно поле, не се двоумете и слободно искажете го вашето мислење.

Девица
Подобро е да се спречи, одошто да се лечи. Денес фокусирајте се на вашето здравје и преземете ги сите мерки за да го зајакнете вашиот организам. Судбината си ја создаваме самите. Не се разочарувајте ако денот ви започне хаотично. Сè е добро кога добро ќе се заврши, а за вас дефинитивно ќе биде така.

Вага
Ниту односот со деловните соработници ниту односот со шефовите денес ќе биде лесен. По извесно е дека ќе се обидете да се вклопите, но тешко дека во тоа потполно ќе успеете. Можна е кавга со саканата личност. Прашања на лојалност и доверба можат да дојдат на дневен ред.

Скорпија
Ќе биде добро ако денес успеете да ја задржите контролата врз себе, но сигурно е дека сите ќе бидете нервозни до бесконечност. Тоа е како да се обидувате да останете во чекор со сите денес. Меѓутоа, во однос на некој близок, станувате побезбеден и повеќе подготвен за компромис.

Стрелец
Пред да кажете нешто, морате да знаете што сакате да постигнете со тоа. Денес вашите зборови ќе имаат многу поголемо влијание врз чувствата на луѓето од вообичаено, па двапати мерете, еднаш сечете. Не ги повредувајте оние кои ги сакате. Лагата е лага, без разлика дали е со добра намера или не. Смислата за хумор ќе ви помогне да избегнете непотребни конфликти, оставете ги големите одлуки и прашања за некој друг ден.

Јарец
Нешто денес ќе ви стои на врвот на јазикот, а вие ќе се колебате дали да го споделите или не, за да не повредите сакана личност. Сепак, ако тоа ви создава немир, можеби е подобро да го кажете. Некои Јарци ќе успеат да создадат совршен баланс меѓу грижата за себе и грижата за другите. Чувството ќе биде прекрасно.

Водолија
Тешко прифаќате некои сугестии и сметате дека се најдобро знаете кога станува збор за вашата работа. Па сепак, од вас се очекува да бидете дел од тимот и прашање е како вашите ставови се вклопуваат во сето тоа. Интензитетот на вашата желба за љубов би можела да резултира со бурни реакции во однесувањето со најмилите. Поведете сметка за имунитетот и да ја преконтролирате крвната слика.

Риби
Вие не можете да почекате да завршите со некои обврски или бизнис проект во кој сте вклучени, бидејќи веќе сте на крајот со силите. Посвети повеќе внимание на документи или некои убави детали. Емоционалниот партнер може да ги смени плановите во последен момент. Малку потешко ќе се вклопите.