Дневен хороскоп за 7 февруари 2019 година

Бик. Можете да очекувате стабилност и можност постепено да напредувате. Деловната ситуација е одлично прикажана.

220
Профимедиа

Овен
Поволен ден за решавање на административните и формалните прашања. Можете да очекувате среќни околности. Можно е да ви пречи тоа што не поминувате доволно време со партнерот. Поведете сметка за своите нозе.

Бик
Можете да очекувате стабилност и можност постепено да напредувате. Деловната ситуација е одлично прикажана. Тешко покажувате чувства поради разочарувањета кои сте ги имале во минатото. Време е тоа да го надминете. Поведете сметка за бубрезите.

Близнаци
Доколку успеете да склопите некој договор денес, на подолги патеки ќе бидете задоволни. Партнерот има очекувања од вашата врска и на некој начин се труди да ви го стави тоа до знаење. Чувајте се од алергиите.

Рак
Во професионаланото опкружување можете да очекувате некои нагли конфликти и проблеми. Состојбата не е онаква како што сте се надевале дека ќе биде. Дојде времето да дознаете некои вистини за партнерот. Падот на имунитетот е нагласен.

Лав
Доколку постапувате импулсивно, можно е да се покаете. Внимавајте на своето однесување на професионалното поле. Ви се допаѓа личност која има чувства кон вас. Наскоро ќе влезете во љубовна врска. Можни се срцеви пречки.

Девица
Потрудете се да најдете начин да ја промените перспективата и своето мислење за деловните проблеми. Доколку сте во брак, ве очекува малку потежок ден. Можно е атмосферата да биде мошне напната. Избегнувајте мрсна храна.

Вага
Доколку сте планирале патување или соработка со странство, можете да очекувате дека денешниот ден ќе биде поволен за тоа. Можно е да дојде до прекин на љубовната врска во која сте во моментот. Не сте подготвени за компромиси. Избегнувајте ги цигарите.

Скорпија
Ве очекува шанса да остварите подобра заработувачка. Можно е помош да ви дојде преку некоја женска личност. Имате потреба за нови случувања на емотивното поле, но нив се уште ги нема. Размислувате за диета и слабеење.

Стрелец
Можеби ќе ви биде потребно мало дистанцирање од деловните обврски и да се одморите. Ги преиспитувате ги случувањата од минатото и се обидувате да дојдете до одговор на прашањето дали сте со вистинската личност. Проблеми со видот.

Јарец
Вие сте многу одлучни и лесно ги спроведувате во дело идеите кои ги имате. Можете да очекувате среќни околности. Ви се допаѓа личноста која влијае на ва оригинално и слободно. Можни се проблеми со нервозата.

Водолија
Задоволни сте со ситуацијата на професионален план. Можете да очекувате дека генерално се ќе ви оди во прилог. Уживате во авантурата и во флертот без обврски со личност родена во вашиот воздушен знак. Нервниот систем ви е чувствителен.

Риби
Можете да очекувате дека денешниот ден ќе биде мошне мирен кога е во прашање работата. Се иде по својот тек. Уживате во својата слобода, која ви недостасувала долго време. Проблеми со ‘рбетот. Посетете физиотерапевт.