Дневен хороскоп за 14 јануари 2019 година

Скорпија. Не ви се допаѓа ставот на вашите колеги и влијае да го промените мислењето за некои од нив

247
Профимедиа

Овен
Рефлексиите не можете да ги најдете само во огледалото, денес тие ќе се гледаат во однесувањето на другите кон вас. Луѓето околу вас ќе бидат склони да ги имитираат вашите постапки, па не се плашете да ја покажете својата добрина. Секој околу вас знае дека не постои совршена личност, па престанете да се трудите да бидете безгрешни. Секој има недостатоци и секој треба да знае да живее со нив.

Бик
Се наоѓате во добра состојба и ќе имате можност да ја завршите работата која ќе ви донесе психичко олеснување, но не и посебна материјална корист. Сепак, подобро е да ја насочите енергијата во правец на решавање на актуелните проблеми. Нема потреба премногу да посветувате внимание на некои емотивни ситуации од минатото. Планирајте средба со личност со која сте во добри односи. Ќе ви годи активен одмор.

Близнаци
Завршете ги дневните обврски и дајте си одмор. Своите професионални способности можете да ги потврдите во конкретни ситуации и без да се расправате со соработниците. Прифатете го заведувањето од личноста која се обидува да ви пристапи подолго време. Важен е комплетниот впечаток кој ќе го оставите. Бидете доволно шармантни и дозволете да дојде до израз вашиот духовен карактер. Важно е правилно да ја канализирате вашата енергија.

Рак
Дали сте расположени за љубов? Денеска наместо да молчите и да чекате партнерот да иницира романтична сцена, создајте ја самите. Планетите ќе ги наградат оние кои не чекаат другите да им ги исполнат желбите, туку ги земаат нештата во свои раце. Ако сте сами, не се плашете да го направите првиот чекор. Не можете да се нарекувате смели ако не знаете да ризикувате. Не грижете се, денеска „ризикот“ ќе ви донесе посакувани резултати.

Лав
Немојте да дозволите некој од вашите соработници да ве критикува без соодветна причина. Препуштете ги ризичните ситуации на колегите. Важно е да се потрудите да си ја вратите самодовербата. Допуштете си малку време за себе  – потрудете се да изгледате убаво, духовито и шармантно. Првиот впечаток не мора да значи дека секогаш е пресуден. Потребно е да постигнете внатрешна рамнотежа, па затоа, опуштете се.

Девица
Се наоѓате под психолошки притисок и некој ве убедува да започнете иницијатива без да посветите внимание на негативните коментари. На крајот, сепак, мора да разликувате морална од физичка храброст. Доколку не наоѓате соодветно решение, почекајте да стивнат негативните страсти кои повремено ги чувствувате во окружувањето. Немојте да го заострувате односот со саканата личност. Важно е да акумулирате позитивна енергија.

Вага
Имате можност да ги завршите заостанатите обврски. Важно е дека конечно најдовте заедничко решение со вашите колеги. Нема потреба од брзоплетост. Забележувате дека партнерот има некои тајни планови што дополнително влијае на вашата нервоза или на емотивната несигурност. Понекогаш мора да поставувате директни прашања за да ја чуете вистината. Потребна ви е психо- физичка релаксација.

Скорпија
Не ви се допаѓа ставот на вашите колеги и влијае да го промените мислењето за некои од нив. Бидете трпеливи ако сакате да постигнете резултати. Партнерот, за среќа, добро ве разбира. Вашите желби викендов ќе бидат остварени. Контролирајте ги емотивните реакции. Посветете си малку внимание на себе си, тоа ќе влијае на вашето позитивно расположение.

Стрелец
Важно е да верувате во сопствената интуиција, но и да ги прифатите корисните совети кои ви ги нудат соработниците. Иако сакате своите идеи да ги претставите на оригинален начин, можно е погрешно да протолкувате нечија реакција. Немојте да го залажувате партнерот. Пред саканата личност, поважно е она што ќе кажете пред она што го правите и чувствувате. Ви годат спортски активности.

Јарец
Се наоѓате чекор понапред од вашите соработници, така што вашите финансиски резултати се значително подобри. Нема причина за лажна скромност. Партнерот ги разбира вашите емотивни потреби, одлично се надополнувате и имате заеднички интереси. Зрачите со позитивна енергија и луѓето околу вас го чувствуваат тоа. Насмевнете се!

Водолија
Денеска ви е потребна стабилност и ќе успеете да ја постигнете. Не влегувајте во драматични и напнати ситуации со вашите пријатели или колеги. Вие најдобро знаете кога е идеално време да се повлечете. Некој ќе се обиде да оживи ваша стара рана и повторно да ја отвори, но не смеете да му дозволите. Расчистивте со старите спомени, па оставете ги зад себе.

Риби
Свртете нова страница од животот. Денеска планетите ќе ги избришат грешките од минатото, ќе ве натераат да заборавите на старите рани, а вие со крената глава ќе продолжите напред. Не дозволувајте првиот предизвик да ве расколеба, бидете упорни. Ако досега само ги раскажувавте своите соништа, сега ќе ви се пружи можност да ги претворите во реалност.