Дневен хороскоп за 13 јануари 2019 година

Бик. Застојот на акциите или очекувањето на нешто за вас посебно важно ќе го намали интересот за приватност.

162
Профимедиа

Овен
Ќе имате многу работа и обврски, а ќе уживате во се што ќе работите. Некои од вас ќе бидат преокупирани со средувањето на љубовните проблеми. Личноста со која сте во врска ќе направи се за да ве израдува. Треба да го цените тоа. Слободните Овни треба да бидат претпазливи кому ќе му го подарат срцето. Обрнете повеќе внимание на исхраната.

Бик
Застојот на акциите или очекувањето на нешто за вас посебно важно ќе го намали интересот за приватност. Во љубовта очекувате од партнерот да ги подели вашите сонови и планови, а нагласеното дружење со пријателите ветува добар помин и забава. На слободните нема да им биде здодевно: недостатокот на овој ден ќе го претворат во предност.

Близнаци
Брзоплетоста е клучен збор за вашата моментна ситуација. Промените и секојдневните предизвици бараат многу одлучност. Во љубовта чувајте се од љубомора и кавги што би можеле сериозно да го оптоварат односот. Партнерот е склон кон доминација, но неговото однесување е на границите на дозволеното. Родените во јуни особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни.

Рак
Денеска ќе се занимавате со решавање на финансиската ситуација и во врска со некое наследство, осигурување, спонзорства и сл. Ако склучувате договори или се занимавате со некој семеен бизнис, обидете се водата да ја свртите кон својата воденица. Моментните случувања ќе ви ги обноват вашите внатрешни залихи на енергија и самодоверба.

Лав
Колку и да се обидувате, работите ви тргнале наопаку. Со вашето тврдоглаво однесување нема да стигнете далеку. Побарајте помош од ваши блиски личности. Воздржете се од потпишување важни договори и јавни настапи. Во вашиот љубовен живот ќе забележите дека некои луѓе го пикаат носот таму каде што не треба и ви ја усложнуваат вашата ситуација. Не го дозволувајте тоа.

Девица
На работното место ве очекуваат некои помали промени од кои нема да бидете многу воодушевени. Голем дел од денот се занимавате со работи во домот. Многу сте чувствителни и премногу субјективни во оценувањето на вашата емотивна ситуација. Лесно пламнувате и се повредувате, а најмногу ќе се исцрпувате во семејните односи и промените во најтесниот круг на семејството.

Вага
Ден исполнет со незадоволство. Луѓето што ќе ве опкружуваат ќе ве нервираат и навредуваат, но најверојатно без лоши намери. Ќе бидете многу чувствителни и сите приговори упатени на ваша страна пресериозно ќе ги сфаќате. Најпаметно во оваа ситуација е да ги избегнувате контактите што не ви се потребни. Нема да ви бидат наклонети ниту претпоставените – бидете внимателни.

Скорпија
Претерано се грижите за вашата финансиска состојба. Размислувате за зголемување на вашиот имот. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање нов извор на финансии, но вам нема да ви бидат целосно јасни условите што ви се нудат. Можеби е најдобро за тие прашања отворено да поразговарате со вашиот партнер и да најдете заедничко решение.

Стрелец
Одлично се чувствувате за каков било почеток, во деловните или приватните сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денеска навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ви се стабилни – ве очекуваат убави моменти со вашиот партнер. Здравје: просечно, внимавајте при ракувањето со апарати во домаќинството.

Јарец
Јарците со постојан работен однос се материјално мотивирани да истраат во сегашните работи, а планетите потикнуваат и нови работни аранжмани, поголеми купопродажби, вложување пари во поголеми работи. Вашата материјална состојба е несигурна и подлежна на влијанија од страна и не можете да правите подолгорочни договори. Постои можност за краткотрајни патувања.

Водолија
Полека но сигурно работите си доаѓаат на свое место. Контактите со странство – патувања, примање посета или деловна соработка – се позитивни. Ќе имате поддршка од поширокиот круг пријатели и соработници, кои ќе ви помогнат со своите врски. Во љубовта од партнерот очекувате да ги подели вашите сонови и планови, а зголеменото дружење со пријателите ви ветува добар помин и забава.

Риби
На работното место ситуацијата е мошне проблематична, па ќе бидете спречени во реализацијата на некои ваши идеи и планови. Почекајте подобри денови. Парите ви се многу важни и не можете да бидете без нив, па затоа дополнително ќе се залагате за ова прашање. Во љубовта тешко можете да се ослободите од традициите.