Дневен хороскоп за 10 јануари 2019 година

Риби. Напнати сте и нервозни, затоа денот искористете го за активности во тишина кои ве релаксираат.

Профимедиа

Овен
Денешната аастрална енергија би можела да охрабри еден разговор помеѓу вас и партнерот, многу комичен, но сепак, со јасна поента. Веројатно ви е јасно досега дека мора да разговарате околу некои практични, секојдневни работи, но кои ве мачат веќе подолго време. Искрен и нежен разговор може многу да помогне. Имајте на ум дека многу е битно како нешто ќе се каже!

Бик
Немојте ни да помислувате денес да изговорите некои од своите шеги, кои толку лесно ви паѓаат на памет. Моменталната астрална енергија индицира дека со тоа би можеле само да ја оддалечите таа личност од вас. Бидејќи врската е во толку деликатен стадиум, мудро би било денес да ја држите устата затворена. Подобро смејте се заедно, отколку да му се смеете нему или нејзе.

Близнаци
Некои Близнаци ќе спојат усни со личност со која започнале да флертуваат уште пред шест месеци. Во врска сте? Ќе го свртите фокусот на партнерот кон вашите желби и потреби. Ќе се чувствувате моќно кога некој ви удоволува и ве разгалува. Ако се почувствувате повредени на кој било начин, тогаш најдобро е отворено и директно да кажете. Немојте да создавате дополнителни проблеми.

Рак
Резервирајте го овој ден за физички и психички одмор. Безделничете и полнете ги батериите. Некои Ракови ќе се осмелат да стават крај на врска која ги измачувала во изминативе шест месеци. На вашиот љубовен живот никако не му треба сарказам, особено не денес. Денес е многу тенка линијата помеѓу здравиот хумор и сарказмот и ќе мора да поведете сметка како и што зборувате.

Лав
Дружењето ќе биде задолжително за вас. Едноставно ќе се чувствувате како преродени кога ќе комуницирате со многу луѓе, па наполнете го денот со средби и телефонски разговори. Големи се шансите да споите усни со лице кое извесно време се врткало во вашиот круг на пријатели или да започнете врска со личност со која сте се запознале благодарение на ваш пријател.

Девица
Ова е одличен ден за големи чекори на љубовен план – нова врска, свршувачка, бременост. Ќе се чувствувате како ваши романтични соништа да стануваат реалност. Најдобро ќе ви оди комуникацијата со припадниците на посилниот пол. Голема е веројатноста значително да си ја зацврстите врската со маж кој ви е многу важен во животот (татко, брат, сопруг, син).

Вага
Денес ќе се чувствувате најсреќно ако бидете корисни, затоа не и подлегнувајте на пасивноста. Ова е одличен план за да го испланирате текот на месецот. Очекувајте многу љубовни понуди и големо влијание, но останете цврсто на земја. Покажете поголема заинтересираност за нови контакти.

Скорпија
Денес сте бестрашни и тоа може да ви отвори нови приватни предизвици. Енергични сте и физички подготвени, затоа не ги одложувајте обврските. Избегнувајте тензии со блиските на тема финансии. Љубовта ќе биде стабилна само ако водите конструктивни разговори.

Стрелец
Не потпаѓајте под влијание на семејството и нивните убедувања, тоа може да ви донесе недоразбирања на сите други полиња. Финансиите ќе бидат постабилни ако научите да се адаптирате на моменталната ситуација. Во љубовта имате впечаток дека партнерот ве контролира. Отворено разговарајте.

Јaрец
Одлични сте кога се работи за контролирање на емоциите, па затоа ова е поволен ден да ги кажете сите работи кои ви тежат. Повеќе истражувајте доколку се сомневате, интуицијата нема да ве изневери. Во љубовта прифатете компромиси за да го зачувате внатрешниот мир.

Водолија
Ќе излезе на виделина заводничката која се крие во вас. Можно е да споите усни со личност со која подолго време тајно си разменувате заводливи погледи. Ова е одличен ден за романтичен состанок со саканиот. Во вашите очи ќе светне силна искра кога ќе се гледате еден во друг и нема да има подобар доказ за вашата љубов.

Риби
Напнати сте и нервозни, затоа денот искористете го за активности во тишина кои ве релаксираат. Претерувате со анализирањето на туѓите постапки и тоа ви прави стрес. Фокусирајте се на поздрави навики и физичка активност. Љубовните соништа ќе се исполнат ако ги надминете стереотипите во главата.