Дневен хороскоп за 10 август 2018 година

Близнаци. Подготвени сте да направите крупен чекор за вашата кариера и да го промените работното место.

220
Профимедиа

Овен
Не можете да се тргнете од впечатокот дека на вашиот дом му е потребно средување и неколку помали поправки. Денес би требало да можете да направите нешто во врска со тоа. Не заборавајте дека за тоа воопшто не ви е потребна поголема сума, туку малку добра волја, енергија и креативност. Повикајте ги сите пријатели кои се расположени да ви помогнат. Фокусирајте се на интензивните бои и детали со кои ќе го оплемените просторот.

Бик
Пред вас е ден исполнет со многубројни обврски и големи се шансите дека повеќето од нив нема успешно да ги привидете при крајот. Обидете се да не се оптоварувате премногу, а уште помалку немојте да бидете обесхрабрени. За да бидете што поефикасни, најдете време и за одмор. Ќе ви годи разговор и дружење со пријателите со кои подолго време не сте во контакт. Надоместете се што сте пропуштиле.

Близнаци
Подготвени сте да направите крупен чекор за вашата кариера и да го промените работното место. Веќе подолго време чувствувате незадоволство и свесни сте дека така не можете понатаму. Побарајте совет од некој чие мислење го респектирате, а обидете се и да се информирате какви ви се шансите да пронајдете работа во странство. Внимателно ослушнувајте ги потребите на пазарот, но не заборавајте ни на сопствените афинитети.

Рак
Што е она за што најмногу копнеете? Конкретизирајте ги вашите соништа уште денес и почнете со нивната реализација. Сите знаци укажуваат дека желбите ќе ви се остварат во многу краток временски период, дури и ако имате амбициозни желби. Една лекција од минатото може да ви биде од голема помош. Необично искуство на крајот на денот ќе ви помогне да ја согледате вашата работа од некој друг агол.

Лав
Денес опкружете се со луѓе кои ви го враќаат оптимизмот, бидејќи мислите ви се црни. Ова е поволен ден за аплицирање за подобра работа, позиција или поголема плата. Не заборавајте на здравата исхрана, во спротивно ќе почувствувате неверојатен замор. Во љубовта мора да го оставите минатото зад вас.

Девица
Вие сте личност која постојано им се „дава“ на луѓето и која честопати живее за другите. Но, денес ќе имате потреба да се грижите за себе. Свртете го фокусот од надворешниот свет кон вашиот. Вечерва дотерајте се и блеснете пред светот во вашите вистински бои. Оставете ја срамежливоста за некое друго време и место.

Вага
Денес сте сигурни и самоуверени, па ова е одличен ден да направите големи и важни потези кои ќе ве доближат кон целите. На работното место сте вешти со зборови, па искористете го тоа за преговори во ваша полза. Време е да ги надминете љубовните стравови пред целосно да ве обземат.

Скорпија
Вие сте вистински борец во животот, но денешниот ден ќе ве поттикне уште посилно да се борите за нештата што ги сакате. Како вистински шампион ќе ги надминувате предизвиците и ќе ги инспирирате луѓето кои поминуваат низ тешки моменти. Вашите зборови имаат огромна моќ. Користете ги за да подобрите нечиј живот, а не за да уништите како што прават многумина.

Стрелец
Доброто расположение искористете го за подобрување на заладените односи и прифаќање на извинувањата од блиските. На работното место вклучете ја меморија, бидејќи заборавањето може да ве чини многу. Љубовните идеи ви се одлични, треба да ги кажете гласно без да се плашите од одбивање.

Јарец
Ставете ги вашите највисоки потпетици, наоружајте се со самодоверба и излезете! Денешниот ден ќе ја разбуди кокетата во вас, па најсреќни ќе бидете кога сте во центарот на вниманието. Додека сите други црвенеат од срам кога им даваат комплименти, вие ќе уживате во нив. Создајте „банда“ која знаете дека секогаш ќе ви го чува грбот. Вклучете доверливи луѓе во неа.

Водолија
Денес што и да правите, не им верувајте на критиките и осудувањата од околината. Изградете поцврста самодоверба. На работното место вложете се максимално, но очекувајте тоа да се исплати дури наредниот месец. Страстите владеат со вас, па избегнувајте големи љубовни одлуки и признанија.

Риби
Замислете го вашиот совршен живот. Сега, започнете да го живеете. Денес тргнете кон исполнување на вашите лични цели и пронаоѓање на сопствената среќа. Наместо да следите туѓи инструкции, следете го вашето срце.Ако сте во врска, разговарајте со вашиот сакан и побарајте го неговото мислење за промените кои сакате да ги направите. Тоа ќе го израдува.