„Дистрикт бар“ со мени кое ќе ги задоволи и најпребирливите непца

Секој месец, ќе се подготвува ново мени исполнето со 5 до 10 јадења, кулинарски приказни од различни делови на светот, кои пред вас ќе ги „раскаже“ Executive Chef – Кирил Ставрев.

фото: Слободен печат

Хотелот „Мериот“ во Скопје синоќа ги однесе македонските новинари на едно ново, уникатно гастрономско патување. Под палката на главниот готвач Кирил Ставрев, на медиумските претставници им беа претставени гастрономски ремек-дела, во рамките на концептот Chef’s table.

фото: Слободен печат

Инаку Chef’s table е, всушност, маса сместена во „срцето“ на ресторанот, каде на гостите им е овозможено да го видат готвачот во целиот негов творечки елемент, при што се служи и дегустациско мени за присутните.

фото: Слободен печат

„Дистрикт бар“ и ресторан, односно Ставрев, синоќа понудија дегустациско мени од пет различни јадења, а секое беше искомбинирано со посебна чаша вино.
Се нижеа интересни јадења приготвени на уникатен начин, аранжирани со неверојатна инвентивност, а Ставрев со голема умешност, но и со доза на „кулинарски“ хумор им го објаснуваше секое јадење на љубопитните и воодушевени дегустатори.

фото: Слободен печат

Менито се состоеше од крцкава кожа од пиле со мед и зачини и афионско семе, скалопи со црн кавијар и сос од лимон и путер, свинско филе роловано во зачини и пушена foiе gras (џигер од патка), свежи лангустини со киноа, пире од грашок и кулис од црвена пиперка, телешки рибај со сос од црн лук и моркови во глазура од хариса сос… На крајот на ова единствено гастрономско патување, гостите имаа можност да уживаат во смрзната панакота, која беше кулминација на сите претходни единствени вкусови кои го задоволија сечие непце.

фото: Слободен печат

Chef’s table е, всушност, концепт кој е релативно нов во нашата држава, а е многу популарен низ светот. Chef’s Table е нов и уникатен начин да поминете време со вашите колеги, пријатели и семејство уживајќи во гастрономски ремек-дела. Инаку, идејата е да се направи нешто уникатно и авангардно, надвор од стандардното мени и на некој начин да се направи суптилна едукација за уникатните вкусови и техники популарни низ светот. Ставрев секој месец ќе составува ново мени, инспириран од несекојдневните вкусови на медитеранската храна.

фото: Слободен печат

Секој месец, ќе се подготвува ново мени исполнето со 5 до 10 јадења, кулинарски приказни од различни делови на светот, кои пред вас ќе ги   „раскаже“ Executive Chef – Кирил Ставрев.

„Дистрикт бар“ и ресторан нуди иновативен сплет на кулинарски специјалитети и рецепти секој ден од неделата, месецот и годината. Како што велат оттаму, тие веруваат во хедонизмот и нивна цел е будење на вашите сетила со неверојатни вкусови.