Дијабетесот е поопасен за женското срце

Жените со дијабетес имаат 40-50 отсто поголем ризик за срцеви заболувања отколку мажите со шеќерна болест, објавија австралиските научници.

90
Профимедиа

Жените со дијабетес имаат 40-50 отсто поголем ризик за срцеви заболувања отколку мажите со шеќерна болест, објавија австралиските научници. Тие веруваат дека причина за тоа е фактот дека дијабетесот од типот 2 кај мажите се јавува во младата животна возраст отколку кај жените, и поради тоа мажите порано примаат поагресивна терапија.

Со тоа, подоцнежниот почеток на третман кај жените често значи и дека пациентките во тој момент имале поголем индекс на телесна маса од типичниот маж со дијабетес од типот 2 кој штотуку почнува со лекување.

Во просек, жените со дијабетес имале речиси тројно поголем ризик за болести на срцето во однос на своите врснички кои немале дијабетес.
Мажите со дијабетес имале просечно двојно поголем ризик за болести на срцето во однос на останатите учесници од истражувањето на нивна возраст.