Детски протест со порака до родителите: „Играј си со мене, а не со твојот мобилен” (ВИДЕО)

102

Деца во германскиот град Хамбург одржаа протест во кој ги опоменаа своите родители дека премногу време гледаат во своите телефони.

,,Играј си со мене , а не со твојот мобилен” – под оваа парола се одржа детскиот протест на кој беше испратена порака до родителите да не ги занемаруваат своите деца поради мобилните телефони.

Со помош на своите родители, протестот го организира седумгодишниот Емил Рустиге.

Детето секогаш било вознемирено кога ќе видело дека родителите се зафатени со телефонот. На протестот на Емил му се придружиле околу 150 деца.

Неодамнешното истражување во САД покажа дека 33 проценти на тинејџерите на возраст од 13 до 17 години се изјасниле дека родителите минуваат повеќе време со мобилните отколку со нив и дека тоа многу им пречи.

Извор: Канал 5