Децата не смеат да го избегнуваат глутенот

Иако полиците на супермаркетите се полни со безглутенски производи, децата би требало да ги консумираат само ако страдаат од интолеранција на глутен, попрецизно од автоимуната болест целијакија, истакнуваат педијатрите.

Профимедиа

Иако полиците на супермаркетите се полни со безглутенски производи, децата би требало да ги консумираат само ако страдаат од интолеранција на глутен, попрецизно од автоимуната болест целијакија, истакнуваат педијатрите.

Повеќе маснотии и шеќер
Целијакија е хронична болест која ја карактеризира интолеранција на глутен, составен дел на голем број производи кои ги користиме во секојдневната исхрана. Се појавува како хронично воспалителна болест на цревата, која често се јавува токму кај најмладите.
Кај ваквата дијагноза, воведувањето на безглутенската исхрана е неопходна, но кај здравите деца таа не треба да се применува за да не дојде до недостаток на останатите хранливи материи важни за нормален раст и развој на детето, порачуваат педијатрите.

Храната без глутен често содржи повеќе маснотии, шеќер и сол, а помалку витамин Б, железо и фолна киселина, како и останатите важни хранливи материи. Поради тоа, исхраната на децата кои не страдаат од целијакија, базирана само на такви производи, може да резултира со нуспојави, како дебелината. Осум витамини од групата Б му овозможуваат на телото да ја добие енергијата од храната која ја внесуваме во организмот, истовремено го поттикнуваат да произведува црвени крвни зрнца кои го разнесуваат кислородот по телото. Фолната киселина особено е важна кај трудниците, бидејќи го спречува раѓањето на децата со дефектен ген.

Влакната се неопходни
Сите оние кои консумираат безглутенски производи без вистинска причина, притоа консумираат и помалку влакна важни за правилно варење, предупредуваат педијатрите. Тие истакнуваат дека исфрлувањето на глутенот од исхраната на детето кое нема симптоми на целијакија не мора неопходно да има позитивен ефект.
Влакната и житарките се важни, бидејќи го контролираат нивото на шеќер во крвта, помагаат кај чувството на ситост по јадењето и го регулираат работењето на цревата.

Глутенот е мешавина на два вида протеини – глутенин и проламин, а најчесто го наоѓаме во житарките како пченица, ‘рж и јачмен, како и кај многу видови храна за која и не знаеме дека содржи глутен, како зачините за салата, крем супите, сосот од соја и пивото.