Деа трпи јаки болки, но нејзиниот дух ништо не може да го скрши: Ги праша лекарите за омилениот клуб

- Докторите секојдневно по три пати ја надгледуваат Деа. Кога и беше соопштено дека минаа критичните 72 часа и опоравувањето добро се одвива, таа беше одушевена.

394
Фото: принтскрин

Водителката Деа Ѓурѓевиќ одушеви многумина на Воено медицинската академија во Белград затоа што нејзиното опоравување се одвива подобро од очекуваното, иако и натаму се наоѓа во одделот на интензивна нега, Деа ги засмејува сите во околина.

– Докторите секојдневно по три пати ја надгледуваат Деа. Кога и беше соопштено дека минаа критичните 72 часа и опоравувањето добро се одвива, таа беше одушевена. Секако дека раните ја болат, особено што имаше неколку сериозни повреди, но се труди со насмевка да ги орасположи сите. Не сака да се жали на болки, но кога ја прашуваат како се чуствува, вели се ќе издржи, вели извор упатен во ситуацијата.

Во повеќе наврати таа се распрашувала и што прават во нејзиниот омилен клуб Црвена звезда.

-Познато е колку Деа ја обожава Црвена звезда и дека е нејзин пасиониран навивач. Ги насмеа докторите прашувајќи има ли вести за нејзиниот омилен клуб, а се воодушеви кога и пренесоа дека навивачите и играчите на клубот се распрашуваат за нејзиното здравје и преку социјалните мрежи ја поздравуваат. Иако доживеа тешка собраќајка, се труди да размислува за други работи, вели изворот.

Опоравувањето тече добро, а според информациите Деа во наредните две години ќе оди на терапија за повредената лева рака.