Даниел Крег има посебен услов за својот последен Џејмс Бонд

Даниел Крег има посебен услов за својот последен Џејмс Бонд

78
SHARE
Профимедиа

Дваесет и петтиот филм за тајниот агент 007 ќе го режира славниот британски режисер Дени Боjл, но главниот актер Даниел Крег, како и продуцентите на филмот, имаат еден услов, пренесуваат британските медиуми.

Оскаровецот Боjл веќе извесно време важи за фаворит на Крег. Меѓутоа, за Боjл се тврди дека има свое сценарио, напишано со неговиот соработник на „Tрејнспотинг“ Џон Хоџ, кое конкурира на она чии автори се редовни сценаристи на филмовите за Бонд Нил Парвис и Роберт Вејд.

Британскиот новинар Баз Бамигбој, познат како доверлив извор на информации кога се филмовите за Џејмс Бонд во прашање, тврди дека Боjл ќе го режира филмот, но под услови кои ќе ги постават продуцентите.

„Дени Боjл ќе го режира следниот 007 филм, 25. Бонд, чие снимање треба да почне кон крајот на годината, доколку сценариото на Џон Хоџ биде одобрено. Продуцентите Барбара Броколи, Мајкл Вилсон и Даниел Крег се подготвени тоа да го овозможат“, напиша Бамигбој на Твитер.

Ако овие тврдења се точни, тоа значи дека продуцентите и самиот Даниел Крег имаат навистина многу доверба во Дени Бојл, бидејќи се подготвени да ги исфрлат Правис и Вејд, авторите на сценаријата за последните шест филмови за Џејмс Бонд, пишува британски „Експрес“.

Подготви: K. A.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY