Човек од Јамајка добил лото-премија, ја подигнал со маска како во филмот „Врисок“

За време на подигнувањето на наградата покрај маската, носел и долг капут и ракавици, а причина за тоа е неговите блиски да не го познаат и да не бараат од него пари.

510
Принтскрин

Јамајканец ја добил лото-премијата во износ од 158 милиони долари, а на подигнувањето на чекот се појавил со маска преку лицето како во филмот „Врисок“.

Јавноста за него знае дека се вика А. Кемпбел. За време на подигнувањето на наградата покрај маската, носел и долг капут и ракавици, а причина за тоа е неговите блиски да не го познаат и да не бараат од него пари.

Тој сака со парите да купи куќа и да го унапреди својот мал бизнис. Сака парите паметно да ги вложи и не сака да ги позајмува и подарува некому.