Чоколадни коцки со лешници готови за 5 минути

Подгответе сад со димензија 10x10 сантиметри и намастете го со малку путер или масло или пак, ставете хартија за печење. 

220
Профимедиа

Состојки:
4 шолји ситно мелен шеќер
½ шолја какао во прав (незасладено)
¼ шолја млеко со поголем процент на маснотии
½ шолја путер
2 лажички екстракт од ванила
една рака пржени, насечкани лешници

Подготовка:
Подгответе сад со димензија 10×10 сантиметри и намастете го со малку путер или масло или пак, ставете хартија за печење.
Промешајте го шеќерот и какаото па прелијте ги во сад кој може да се стави во микробранова печка. Оваа мешавина прелијте ја со млеко, а на крајот додадете го путерот иситнет на парчиња. Ништо не мешајте туку ставете го да се грее околу 2 минути во микробранова печка, односно додека путерот потполно не се стопи.