Чоколадна и потемна црвена – врвни бои за коса за есен

219
Фото - Принтскрин/Инстаграм

Периодов е за освежување на гардеробата, обувките, шминката, но секако и на фризурата. Како што сите навикнаа на осветлена коса во лето и по летото, со руси прамни идеални за топлото време, така постојат и многу различни фризури и бои на коса, кои се идеални за постуден период.

Топло и исончано – сè што е потребно е да се освежи летната фризура, односно да се додаде потемна нијанса при коренот, што е потемна од руса, а посветла од кафена, да се измеша со златни прамни, кои совршено се вклопуваат со целиот есенски изглед и со самото тоа совршено да го прилагодите изгледот на промените на годишното време.

Потемна црвена – заборавете на оние силни црвени нијанси и акцент ставете на потопли, подлабоки, есенски тонови, кои изгледаат богато и скапоцено. Оваа боја ќе го освежи вашиот изглед, а од друга страна многу е лесно бринетите да се преобразат токму во девојки со ваква нијанса на коса.

Топла чоколада – длабоки, темни, браон тонови ќе го зачинат вашиот изглед и ќе направат вашата секојдневна кафена коса да стане поинтересна. Овој тон е сјаен за постудено време, одлично се вклопува со сите топли џемпери и капути.

Постојат повеќе варијации што се однесува на темночоколадните нијанси, некои малку посветли, некои малку потемни, изгледа добро и на подолга и на пократка коса, и на рамна и на брановидна, опциите се повеќе.

Пастелна розова – доколку сте расположени за експериментирање, неочекувани промени и нешто што привлекува внимание, тогаш оваа розеникава нијанса е полн погодок за вас.

Пастелните и нежни бои се сè повеќе застапени меѓу љубителите на модата, па нема причина жените да ја ограничат оваа боја само на облеката. Иако на прв поглед оваа боја не изгледа како нешто што би го избрале за својата коса, таа всушност не е нападна, нијансата е нежна, а истовремено остава многу силен впечаток.

Сива коса – Сивата боја на коса веќе извесно време е актуелна, но сега е уште попопуларна. Имено, без разлика која сива нијанса е во прашање, од онаа потполно темна, преку сребрена, до платинеста, секоја доаѓа предвид.

Постојат личности што можат многу добро да ги изнесат овие тонови, а притоа да не направат да изгледаат постаро.

Оваа есен слободно пробајте некоја од овие нијанси, па дури и тоа да е привремено.

Светли прамни
Најдобар начин да се освежи русата коса е да се додадат светли, нежни прамни. Целиот овој изглед ќе биде одлична промена за оние дами што не сакаат да се одречат од тоа да бидат русокоси, а сепак сакаат да направат нешто поинакво со косата.