Брзи колачи од ѓумбир и цимет

Во еден сад измешајте ги сите суви состојки (брашното, ѓумбирот во прав, циметот, солта, содата), а во друг сите „мокри“ состојки (јајцето, шеќерот, кокосовиот сируп, млекото)

185
Профимедиа

Состојки:
½ шолја нерафиниран шеќер
1 мала лажичка ѓумбир во прав
1 мала лажичка цимет
1 мала лажичка сода бикарбона
½ шолја кокосов сируп
½ шолја млеко (најдобро би било да изберете бадемово ако сте во можност)
2 и ½ шолји брашно (одлично би било да изберете некоја поздрава верзија, на пример, од просо)
прстофат сол
1 јајце

Подготовка:
Вклучете ја рерната на 180 Целзиусови степени. Во еден сад измешајте ги сите суви состојки (брашното, ѓумбирот во прав, циметот, солта, содата), а во друг сите „мокри“ состојки (јајцето, шеќерот, кокосовиот сируп, млекото). Потоа, измешајте ги мокрите состојки со сувите и промешајте.
Во рамен калап поставете хартија за печење и редете по една лажица од смесата, такашто ќе обликувате кругови.
Колачињата печете ги на температура од 180 Целзиусови степени, околу 10 до 15 минути.