Брза плазма торта без готвење

Јајцата, маргаринот и шеќерот изматете ги со миксер. Додадете ја плазмата, оревите и 100 грама рендана чоколада.

392
Профимедиа

Состојки:
600 грама мелена плазма
100 грама мелени ореви
200 грама чоколада
2 лажици масло
200 грама шеќер во прав
250 грама маргарин
2 јајца
200 милилитри газиран сок со вкус на портокал

Подготовка:
1. Јајцата, маргаринот и шеќерот изматете ги со миксер. Додадете ја плазмата, оревите и 100 грама рендана чоколада.
2. Ставете го сокот и добро измешајте додека не добиете соединета смеса. Ставете ја плазмата во послужавник и обликувајте торта. Преку неа ставете ја глазурата од истопена чоколада (преостанатите 100 грама) и масло.