Биткоин конференција завршила во стриптиз клуб

Биткоин конференција завршила во стриптиз клуб

67
SHARE

Еден од најголемите собири во светот за криптовалутата биткоин одржан во Мајами, завршил со забава во познат стриптиз клуб.

Организаторите на Северноамерикаснката биткоин конференција со 5.000 учесници и 10 часа говори, повикале на дружење и умрежување во ноќен клуб, не наведувајќи дека станува збор за стриптиз клуб.

Иако во текот на забавата за учесниците на конференцијата, која траела до 23 часот немало стриптиз, многу учесници на конференцијата се чувствувале непријатно со оглед на тоа што келнерките ги служеле во долна облека, пренесува „Блумберг“.

На некои учесници на конференцијата, идејата, сепак им се допаднала.

– Ние сме куп момци во дваесеттите години, со многу пари. Ние сакаме голи девојки – изјавил трговецот со криптовалути, Џеф Скот од Њујорк.

Но, директорот на Деш кор груп, корпорација која го спонзорирала настанот, рекол дека не знаел дека забавата е закажана во стриптиз клуб и додал дека е „длабоко разочаран“.

Мо Левин, директор на Киноут, кој ја организирал конференцијата, прво го бранел изборот на стриптиз клуб како место за забавата, а неколку часа подоцна пратил соопштение во кое навел дека забавата во стриптиз клуб била грешка и дека конференцијата тежнее кон тоа да биде што поинклузивна и побезбедна.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY