Била мртва три дена: Се разбудила по 72 часа клиничка смрт

По згрижувањето, нејзиното срце прекинало да работи, а таа ја загубила свеста. Лекарите утврдиле миокардитис – воспаление на срцевиот мускул, па веднаш била приклучена на апарати.

428
Профимедиа

Девојка (26) од источно-кинеската провинција Фуџијан се опорави по 72-часовна клиничка смрт, откако на 1 јануари била итно примена в болница поради забрзано чукање на срцето.

По згрижувањето, нејзиното срце прекинало да работи, а таа ја загубила свеста. Лекарите утврдиле миокардитис – воспаление на срцевиот мускул, па веднаш била приклучена на апарати.
„Апаратот кој го користиме може да ги извршува функциите на срцето и белите дробови. На тој начин го одржува дотокот на крвта во срцето по срцевиот застој“, објаснил Јан Ченгби од болницата при Универзитето Ксиамен.

Срцето на пациентката, меѓутоа, не почнало да чука ни по два часа. лекарите, меѓутоа, не сакале да ја прогласат за мртва, иако во термините на клиничката медицина, повеќе не била жива. Наместо тоа ја испратиле на Одделението за интензивна нега каде што ги одржувале нејзиното срце, бели дробови и бубрезите.

Тие ѝ го спасиле животот. Наредното утро нејзиното срце повторно почнало да пумпа крв, а во наредните 72 часа ѝ се повратила и свеста.

– Откако ги отвори очите, ја прашав дали е среќна и дали може да ме фати за рака. Кога таа го направи тоа, сфатив дека таа се врати во живот – раскажува д-р Занг Минвеј од болницата при Универзитетот на Сјамен.