Бесплатен оброк за деца, ако родителите ги остават телефоните на влез во ресторан

117

Британскиот ресторан „Френки енд Бени’с“ претстави зона „без мобилни телефони“ (No phone zone), откако спровеле анкета за тоа колку користењето на тие направи има влијание врз семејната вечера. Отсега, тие во понудата имаат бесплатен оброк за децата чии родители ќе ги остават мобилните телефони на влезот во ресторанот.

Речиси 20 отсто од децата рекле дека нивните родители претпочитаат времето да го минуваат на телефон, наместо да разговараат со нив за време на оброците во ресторанот. Меѓу испитаниците биле и родителите, при што 23 отсто од нив потврдиле дека го проверуваат телефонот за време на ручек. Околу 10 отсто од децата признале дека го криеле телефонот од своите родители за да го привлечат нивното внимание.

Вработените во ресторанот на родителите ќе им донесат посебна кутија во која ќе можат да го остават својот телефон за време на јадењето, а раководството на Френки енд Бениснајави дека иницијативата ќе трае подолг период.