„Берлин, те сакам“ е филмот кој сите го очекуваат за Денот на вљубените

Главната идеја е да се добие впечаток дека градовите се живи материи, кои дишат низ единствената емоција на универзалната љубов.

122

Премиерата за филмот „Берлин, те сакам“ е закажана за 14 февруари. Се работи за романтичен филм со одличен кастинг.

Приказната се состои од девет помали приказни, во кои се спојуваат различни мажи и жени и ги откриваат своите љубовни заплети.

Главната идеја е да се добие впечаток дека градовите се живи материи, кои дишат низ единствената емоција на универзалната љубов.

„Берлин, те сакам“ е дел од антологискиот серијал „Градови на љубовта“, дело на Емануел Бенбиски. Во претходните делови беа обработени љубовни приказни кои се случуваа во Париз, Њујорк и Рио де Жанеиро.

Главните улоги ги толкуваат големи актерски имиња, меѓу кои и Хелен Мирен, Кира Најтли, Џим Стреџес, Лук Вилсон, Мики Рурк, Џена Деван и уште многу други имиња од холивудската А-листа.