Беретки и турбани тренди модни додатоци

88

Кул модните додатоци отсекогаш имале посебно место во модата. Кога ќе заврши топлото време, на сцена стапуваат топлите капи.

На пазарот може да се најдат различни модели, но оваа сеозна популарни се беретките. Заштитен знак на сликарите и други уметници, клучен елемент од делот на униформата на револуционерите и други воени групи, но и неодминлив моден детал и симбол на францускиот шик.

Доколку не сакате да се одречете од отмените шешири, оние топлите се уште се во мода. Со добра марама во иста боја совршено ќе ја истакнат секоја модна комбинација. Предноста на овие шешири е во широкиот обод, којшто одлично ќе ве заштити во дождливите есенски денови.

Капите деновиве се повеќе ги поттиснуваат и се попопуларните турбани. Турбаните од потенок материјал се поелегантни и може да се носат и за вечерни излегувања.

Богатите ленти за коси, слични на турбаните, се чест избор кога е сончево, а сепак ладно. Доколку капите не ви се омилени, а потребно ви е нешто да ве заштити од ветрот, лентите се одлични.

Плетените капи со пуфки на врвот оваа сезона сите вистински трендсетерки, а и секоја возрасна жена, би требало да им ги остават на децата.