„Балкан бенд“ ја промовираа „Зависен“ ВИДЕО

Групата „Балкан бенд“ ја поромовираа нивната нова песна „Зависен“, за која снимија и спот. Зад оваа песна како автори е запишани Борче Нечовски и Дејан Момироски. Гостинка во спотот е поранешната мис на Македонија, Емилија Розман. Водителка на промоцијата беше Милена Антовска.

– Песната е љубовна балада, песна во која ќе се пронајдат сите вљубени. Ја подогтвувавме долго и веруваме дека ќе најде свое место кај публиката, велат членовите на бендот.

Во „Балкан бенд“ членуваат и Златко Анчевски (тапани), Илија Наумовски (ритам-гитара), Нико Сребров, Александар Тасевски, Илија Маревски.  На нивните настапи често ги придружува Мајкл Kарадакоски на саксофон и кларинет.

Групата претходно ги сними нумерата „Неверник“, дело на авторите Орце Лазаров и Борче Нечовски, и темата „Пелин и мед“, со која настапи на фестивалот „Роса-фест“.