Бајадери за само 20 минути

Во тенџере ставете ги водата и шеќерот додека да се загреат и додека шеќерот потполно да се стопи на тивок оган.

813
Профимедиа

Состојки:
2 дл вода
550 г шеќер
300 г мелени ореви
300 г мелени бисквити
250 г путер
100 г чоколадa за готвење

За глазура:
150 г чоколадa за готвење
2 мали лажички масло

Подготовка:
Во тенџере ставете ги водата и шеќерот додека да се загреат и додека шеќерот потполно да се стопи на тивок оган. Потоа во тоа додадете го и путерот за да се стопи. Кога путерот потполно ќе се стопи, додадете ги оревите и мелените бисквити, постојано мешајќи додека да добиете изедначена смеса.
Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела.
Во првиот дел од смесата додадете ја чоколадaтa која претходно сте го стопиле на пареа, а во вториот дел може да додадете малку рум по желба.
Во друг сад ставете хартија за печење и потоа префрлете го првиот дел од смесата (оној со чоколадa) а горниот дел измазнете го со нож. На ист начин ставете ја и другата смеса врз првиот слој.
Остатокот од чокладaтa стопете го на пареа и во него додадете малку масло за да направите глазура, а потоа и прелијте ја бајадерата.
Бајадерата ставете ја во фрижидер за убаво да се стегне и сервирајте ја веќе следниот ден.