Австралијанец тврди дека е тајниот син на принцот Чарлс и Камила, Дијана знаела сè! ФОТО

Тој бил посвоен од вработена на кралицата Елизабета Втора (92) и принцот Филип (97), Винифред. Таа многу пати му кажала кои се неговите родители.

433
Фејсбук/Принтскрин

Молчел повеќе од 50 години, но сега проговорил.
Симон Доранте-Деј (52) од Австралија тврди дека е тајниот син на принцот Чарлс (70) и Камила (71). Човекот, чие средно име е Чарлс, бара анализа на ДНК за да докаже дека е во право, пишува „Мирор“.

Симон е роден на 5 април 1966 година во Хемпшир и сега живее во Австралија. Семејството, кое го огледало, го усвоило кога имал само 18 месеци. Човекот е убеден дека е плод на првата афера на познатата кралска двојка, а тој е роден кога Чарлс имал 17, а Камила 18 години.

Ако принцезата Дијана не загинеше во сообраќајна несреќа во 1997 година, Симон тврди дека целиот свет ќе дознаеше за него.

– Верувам дека Дијана знаеше дека постојам. Мислам дека наоѓаше сè повеќе одговори за својот живот, за тоа какво зло ѝ е направено и сакаше тоа да го објави јавно – вели Доранте-Деј.

Тој бил посвоен од вработена на кралицата Елизабета Втора (92) и принцот Филип (97), Винифред. Таа многу пати му кажала кои се неговите родители.

Инаку, Чарлс се ожени со принцезата Дијана во 1981 година, а се разведоа во 1996 година Во 2005 година, Чарлс се ожени со својата стара љубов, Камила. Дијана и Чарлс ги имаат синовите Вилијам (36) и Хари (34), а Камила од бракот со Ендрју Паркер Боулс (79) има ќерка Лора (41) и син Томас (44).

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин/Фејсбук