Алек Болдвин стана татко на 60 години

Алек го доби четвртото дете со 26 години помладата сопруга, фитнес и велнес експертот Хилари Болдвин (34).

255
Фото - Инстаграм
Одиме повторно – истакна актерот Алек Болдвин (60) и на социјалните мрежи се пофали со приновата во семејството.
Алек го доби четвртото дете со 26 години помладата сопруга, фитнес и велнес експертот Хилари Болдвин (34).
– Тука е, совршен е – напиша Хилари покрај фотографијата со синот во прегратка, откривајќи дека бебето тежи 3,6 килограми.
Алек и Хилари се венчаа во 2012 година, а освен новородениот син ги имаат ќерките Кармен Габриела (4) и синовите Рафаел Томас (2) и Леонардо Енџел (1). Се уште не е објавено како ќе се вика најмладиот член на семејството.